Луѓето со повеќе маснотии во телото, поотпорни на студ!?

Истражување спроведено на десетици пливачи, како и повеќе студии претходно, покажа дека луѓето кои имаат повеќе маснотии во телото, се поотпорни на студ, бидејќи масните наслаги ги штитат внатрешни органи, објави порталот „Попјулар Сајенс“.

Од друга страна, пак, реалноста покажува дека луѓето со поголема тежина честопати се позимурливи од оние со просечна тежина. Мозокот комбинира два параметра – температурата на телото одвнатре и температурата на површината на кожата, за да одлучи како телото да реагира на студот.

Психологот Кетрин O’Брајан објаснува дека пополничките луѓе чувствуваат студ поради поголемата површина на кожата, но и поради други фактори кои влијаат на тоа. Поситните луѓе кои имаат поголема површина кожа во однос на нивниот вкупен обем на телото, сѐ уште поизложени на студ, но брзо се приспособуваат, додека пак, лицата со поголема мускулна маса имаат подобра заштита на кожата, оти самите мускули генерираат поголема телесна топлина.

– Често се шегуваме дека студот најдобро го поднесуваат луѓе кои се и здрави и дебели – вели докторката.

Тоа, според неа, значи дека во сѐ, па и во дебелината, треба да сме умерени.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.