Колку време жените можат без секс?

Истражувањето на порталот „Family Circle“ за сексот во кое учествувале 553 мајки на различна возраст, дошло до неверојатни и шокантни резултати.

Се покажало дека 32 проценти од мајките, кои имаат постојан партнер и барем едно дете, немале сексуални односи и по неколку години.

Но, тука не завршува лошата статистика. Дури 36 отсто од жените откриле дека од последниот нивен секс поминале неколку месеци, 27 проценти изјавиле дека минале неколку недели, а само пет проценти имале сексуални односи во последните неколку дена.

Експертите предупредуваат дека, иако жените се претрупани со обврски што го отежнува уживањето во сексуалните активности, толку долги паузи може да бидат лоши како за односот со партнерот, така и за здравјето и расположението.

Ова неодамна го потврди и едно друго британско истражување кое откри дека сексот барем еднаш неделно е клучен за среќен брак.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.