Од климатските промени повеќе се погодени жените отколку мажите!

Жените повеќе погодени од климатските промени одшто мажите, покажува една студија на Обединетите нации. Податоците на ОН покажуваат дека 80 отсто од луѓето кои се иселуваат поради климатските промени се жени.

Имајќи предвид дека тие се оние кои примарно се грижат за храна и топлина, тоа ги прави ранливи во ситуации кога доаѓаат периоди на поплави и суши.

Во Парискиот договор од 2015 година, наведено е дека жените се несразмерно погодени во однос на мажите.

Во централна Африка каде што 90 проценти од езерото Чад исчезнало, групата на номади е посебно ризична група, па жените мора многу повеќе да одат во потрага по вода.

„Во периодот на суша мажите одат во градовите, оставајќи ги жените да внимаваат на семејството“, изјави за Би-Би-Си, медиумскиот коoрдинатор(AFPAT) на Асоцијацијата на домородните жени Фулби на Чад, Хиндоу Омароу Ибрахим

Како што сушната сезона трае сѐ подолго, жените сѐ потешко успеваат да ги нахранат и да обезбедат поддршка за семејството и така стануваат сѐ поранливи, истакна Ибрахим.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.