За што се може да користите сода бикарбона?
Како природен дезодоранс
Доколку сакате да го избегнете токсичниот парабен од купечките дезодоранси, едноставно промешајте прстофат сода бикарбона со вода и нанесете ја под пазувите. Исто така, може да си направите домашен дезодоранс со сода, кокосово масло и етерично масло. Оваа комбинација на состојки го оневозможува развојот на бактериите и на тој начин го спречува појавувањето на лошите мириси.
Како природен освежувач на здивот
Во 1 литар вода промешајте лажица сода бикарбона и една капка етерично масло од чајно дрво. Со оваа смеса испирајте ја вашата усна празнина со цел да го неутрализирате непријатниот здив. После убод од комарец
Ублажете го неподносливото чешање после убод од комарец, така што на местото ќе нанесете паста од сода бикарбона со малку вода или едноставно само посипете го со сода. Доколку правите паста, во неа може да додадете и капка етерично масло од лаванда.
За детоксикација
За опуштање на болните мускули и за одличен детокс третман, во својата купка додадете една чаша сода бикарбона и една чаша органска јаболкова киселина. Ако ви е кожата на телото сува, во оваа смеса може да додадете и малку базно масло по ваш избор и неколку капки етерично масло.
За пилинг
За таа намена измешајте една лажица сода бикарбона и лажица мед и со нежни кружни движења поминете преку лицето или телото, па преплакнете се со млака вода. После овој пилинг кожата ќе ви биде свежа, мазна и затегната.
За темелно чистење на косата
Ако премногу често користите производи за обликување на косата, понекогаш шампонот не е доволен за таа темелно да се исчисти. За таа цел, пред да го нанесите шампонот на косата, на неа со помош на дланките втријте мала количина сода бикарбона. На овој начин вашата коса ќе биде темелно чиста.
Како природна паста за заби
Направете сами природна и делотворна паста за заби така што во еден мал сад со капак ќе промешате ½ чаша кокосово масло со 2-3 лажици сода бикарбона и 10 капки етерично масло од ментол или цимет. Оваа смеса треба да се чува на ладно, затоа што кокосовото масло на температура над 23 степени се претвора во течност. Оваа природна паста се користи како и секоја друга паста, само на четката за заби се нанесува со помош на лажица.