Овој витамин го намалува ризикот од астма
Во светот 300 милиони луѓе боледуваат од астма, а земањето на витаминот Д како додаток на редовните лекарства може да го намали ризикот од тешките напади од оваа болест, објавија научниците.
Научниците заклучокот дека додавањето на витаминот Д ги намалува тешките напади од астма за 3 до 6 отсто, го донеле врз база на клиничките испитувања во САД, Канада, Индија, Јапонија, Полска и Велика Британија.
Адријан Мартино, професор од Лондонскиот универзитет кој го водел истражувањето, вели дека резултатите се ветувачки, но повикува и на претпазливост. „Станува збор за релативно мал број клинички испитувања, а пациентите главно боледувале од блага до умерена астма“, вели.
– Неопходни се истражувања на деца и на возрасни со тешки форми на астма, и дури тогаш ќе може да се каже дали витаминот Д им помага на таквите пациенти, вели Мартино.