10 заболувања кои ги лечи водењето љубов

Водењето љубов може да ви го спаси животот!

Многумина веќе слушнале за предностите кои телото ги добива во текот на интимниот однос, но дали сте знаеле дека можете да излекувате некои болести ако често водите љубов? Прочитајте во продолжение за што поточно станува збор.

  1. Срцеви заболувања

Ако сте често интимни, сексот ќе ви помогне во доброто функционирање на срцето. Според зборовите на експертите, редовното водење љубов е поврзано со намалување на опасноста од срцев удар и други срцеви заболувања.

 

  1. Главоболка

За да ја смирите главоболката, оваа пракса е многу ефикасна, бидејќи ослободува окситоцин и ги зголемува ендорфините. Овие хормони му помагаат на телото и умот природно да се опуштат, па затоа и сексот може да ви ја намали главоболката.

  1. Депресија

Водењето љубов ја подобрува самодовербата, а со тоа функционира и како еден вид природен антидепресив.

 

  1. Несоница

Кога сте во состојба на максимално опуштање, напнатоста се ослободува. Големи се шансите да се изборите против несоницата доколку имате односи веднаш пред да си легнете.

  1. Уринарна инконтиненција

Сексот, исто така може да ви помогне и при борбата против уринарната инконтиненција, бидејќи ја зајакнува карлицата и го спречува несаканото истекување на урината.

  1. Грип

Верувале или не, водењето љубов исто така го лекува и грипот, па ако сте болни, сега знаете како најлесно да се ослободите од оваа болест, на природен начин.

  1. Воспаление на мускули и болни зглобови

Ако сакате совршено опуштање, интимноста е најдоброто решение бидејќи сексот е природна вежба за опуштање на затегнатите мускули и болните зглобови.

  1. Сува кожа

Водењето љубов може да ви помогне да имате поубава кожа, бидејќи ги исфрла токсините преку потењето, што е навистина важно при одржување на изгледот на кожата.

  1. Болести на простата

Сексот може да ви помогне и да го намалите ризикот од развој на рак на простата.

  1. Рак на дојка

Водењето љубов е заштитна бариера против рак на дојката, на ист начин како што е и со болестите на простатата. Стимулирањето на дојките предизвикува жената да ослободува окситоцин, кој штити од појава на овој вид рак.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.