7 причини од кои забите болат, а не сте знаеле

Не е секогаш кариес!

Речиси никој не сака да оди на заболекар, дури и ако е само за обичен преглед. Причината за ова е тоа што најчесто одиме на заболекар кога имаме проблем со забите. Болката во забите може да биде навистина ужасна, а многу често не ја знаете причината за неа. Всушност, постојат многу работи кои можат да предизвикаат забоболка, а следниве причини без сомнение ќе ве изненадат.

  1. Премногу вежбате

Претераното вежбање може да предизвика проблеми со забите. Според едно истражување, атлетите имаат поголеми ризик од ерозија на забите, како губење на глеѓта и појава на кариес. Ако дишете „тешко“, како за време на вежбање, се намалува плунката во вашата уста, а ова им дозволува на бактериите да се размножат.

 

  1. Триење на забите кога спиете

Несвесното триење на забите се случува додека спиете, па многу луѓе не ни знаат дека го прават ова. Некои од симптомите на триење се зголемена чувствителност на забите или болка во вилицата и лицето, главоболка и болка во ушите.

 

  1. Повлекување на непцето

Може да се случи вашето непце да се повлекува од забите. Ова е многу чест проблем и може да предизвика болка. Еден од најраните симптоми на повлекување на непцето е зголемена чувствителност на забите.

  1. Проблеми со синусите

Синусната инфекција е воспаление што може да предизвика забоболка, особено на горните заби. Ако чувствувате болка, најдобро е прво да посетите заболекар, па тој ќе ви каже дали проблемот е со забите или со синусите.

  1. Неодамна сте посетиле заболекар

Иако очекувате да се чувствувате подобро по посетата на заболекар, самата процедура може да предизвика болка. Кога заболекарите ги третираат вашите заби, тоа е еден вид траума и повреда. Поради ова неколку денови по процедурата вашите заби може да бидат почувствителни.

  1. Инфекција на непцето

Еден од најчестите симптоми на парадентални болести е чувствителност на забите, повлекување на непцето, како и отоци и црвенило на непцето. Можете да чувствувате болка додека џвакате и да имате лош здив.

  1. Стегање на вилицата

Стегањето на вилицата може да предизвика слични симптоми како и триењето на забите. Може да чувствувате болка во мускулите, увото и главата, чувствителност на слатка храна и температура, како и напнатост.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.