Зошто кога сме болни кашламе?

Лекарите велат дека кашлицата е број еден причина поради која луѓето доаѓаат кај нив, а најчести предизвикувачи се настинката и вирусите.

Интересно е дека целта на кашлицата е да не заштити. Со кашлицата всушност исфрламе од организмот сè што не би требало да биде во белите дробови, вклучувајќи ја и прашината која ја вдишуваме.

Кога станува збор за настинките и вирусите, кашлицата помага од белите дробови да го исфрлиме секретот. Во повеќето случаи, кашлицата престанува за неколку денови, иако се случува сувата кашлица да потрае неколку недели или месеци после грип. Причината за ова може да биде нешто што ги иритира вашите бели дробови, со то апредизвикувајќи сува кашлица, која понатаму ги иритира белите дробови…

Луѓето кои страдаат од астма или имаат алергиски реакции може да кашлаат доколку вдишат прашина или некој друг алерген, а на овој начин организмот се обидува да го исфрли тоа што му смета.

Дури и доколку не сте алергични на ништо, ладниот воздух, чадот од цигарите или силните мириси од парфемите може да го иритираат грлото и да бидат причина за кашлица.

Исто така, кога ни тече носот, секретот се слева од носот низ грлото и го иритира.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.