Зошто здивот ви мириса лошо?

Како да сго решите проблемот?

Ако можете да си го помирисате здивот, тогаш знајте дека и другите можат. Докторите велат дека повеќето луѓе не можат да го намирисаат сопствениот здив освен ако тој не мириса лошо или чудно.

Но, дури и ако здивот постојано ви мириса лошо, не се обесхрабрувајте бидејќи со истиот проблем секојдневно се соочуваат преку 80 милиони луѓе од светот. Хронично лошиот здив е сосем нормална појава која не може да има поголем негативен ефект врз вашето здравје, но тоа не значи дека лошиот мирис кој излегува од вашата уста не може да биде знак за некој здравствен проблем.

Иако четирите најголеми причини за лош здив се лошо четкање на забите (или недоволно често миење), јадење храна која мириса, јадење слатки и консумирање на премалку јаглехидрати, сепак тоа не значи дека се единствените причини кои влијаат на мирисот на здивот. Дишењето низ уста исто така може да биде причинител на лош здив, кој може да се реши преку пиење многу вода и миење на забите наутро и навечер.

 

Здивот може да мириса и како последица на земањето на лекарства, поради тоа што повеќето апчиња предизвикуваат мирис на плунката кој потоа се распространува низ целата уста. Мирисот може да се појави и од алергии или пак затнат нос, кои исто така поттикнуваат лачење на чуден мирис на плунката.

Доколку сте пушач или пак уживате во алкохолот, не се чудете ако здивот ви мириса лошо и одбивно – тоа е само нормален ефект на тутунот и алкохолот. Доволно е да знаете дека мирисот на здивот не може да се измие со средство за миење уста бидејќи во повеќето такви средства исто така има алкохол.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.