Што е поздраво: Обична или кисела вода?

Што вели науката?

705

За киселата вода можете да слушнете и прочитате се, од тоа дека е лековита, па се до тоа дека е штетна, во однос на обичната негазирана вода. Еве што вели науката за овие четири раширени верувања за минералната вода.

Woman drinking a glass of water

МИТ: Минералната вода неможе да хидратизира како обичната вода

Се смета дека јаглен-диоксидот од минералната вода го спречува телото да ја искористи водата, но истражувањата покажаа дека тоа не е вистина. Студиите покажаа дека по интензивниот тренинг минералната вода не закрепнува исто како и обичната.

МИТ: Минералната вода е лоша за забите и коските

Јаглеродната киселина која се појавува кога ќе се спојат јаглен-диоксидот и водата може да ја оштети забната глеѓ, но за тоа да се случи, би требало да пиете огромни количини на кисела вода (шест или повеќе литри) секој ден. Што се однесува на коските, по студијата која го проучувала влијанието на газираните пијалоци на густината на коските кај жените, сите минерални води добиле „зелено светло“.

МИТ: Минералната вода не помага при слабеењето како и обичната вода

Киселата вода може да предизвика привремена надуеност, но, таа создава подобро чувство на ситост од обичната вода, особено доколку ја пиете на празен стомак. Тоа значи дека минералната вода всушност е добар сојузник во слабеењето. Но, тоа не важи за киселите води „со вкусови“ бидејќи во нив има вештачки засладувачи кои ќе ви ја зголемат желбата за слатки.

МИТ: Минералната вода предизвикува киселина

Минералната вода нема да предизвика киселина, но може да ја влоши состојбата доколку веќе ве мачи овој проблем. Ако имате киселина, подобар избор е обичната вода, особено со оброците. Минералната вода ја влошува состојбата бидејќи меурчињата го релаксираат отворот на хранопроводот, со што и олеснуваат на желудечната киселина да се врати во хранопроводот, а со тоа се предизвикуваат киселини.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.