Зошто постарите луѓе имаат почести проблеми со несоницата?
Постарите луѓе имаат почести проблеми со несоницата, а научниците од Универзитетот Харвард открија дека како што старееме, инхибиторите на неврони во мозокот еродираат, поради што не можат да се градат блокови мозочните клетки, со помош на кои се блокираат свесните мисли, пишува „Дејли мејл“.
Заради тоа постарите луѓе се вртат во креветот, а додека се обидуваат да заспијат, мислите им лутаат и потешко „се доведуваат“ во состојба на неразмислување, објаснуваат научниците.
Тие исто така велат дека сличен процес може да се воочи кај заболени од Алцхамеровата болест, кои се склони на нарушување на спиењето.
– Во просек, поединец на 70 години од животот спие околу еден час помалку отколку некој кој има 20 години, а тоа сознанние би можело да овозможи подобар пристап и лекување на несоницата.