Почина уште едно новороденче во кичевската болница!
Уште едно новороденче почина во болницата во Кичево.
Пред четири дена на охридската гинекологија била породена жена во 30-та недела од бременоста. Детето родено во таа гестациска недела требало да биде транспортирано во Скопје во инкубатор и да биде сместено или на Клиниката за гинекологија или на Интензивна на детската клиника.
Инаку, за транспортот на вакви комплицирани случаи, постои веќе воспоставен протокол, кој најверојатно не бил испочитуван од страна на вработените во охридската болница, поради што состојбата на бебето се влошила пред Кичево.
Новороденчето било префрлено во Кичевската болница, каде два часа се обидувале да го реанимираат, но не успеале да го вратат во живот.
Oд Министерството за здравство ја потврдија информацијата и повеќе детали најавија за утре.