Истражувањето објавено во списанието “Obesity research & Clinical Practice” покажало дека во оброкот не е добро да уживате сами.
Студијата спроведена меѓу 7.725 луѓе од Јужна Кореја покажала дека оние учесници кои сами јаделе два пати на ден, биле повеќе склони на висок холестерол, висок крвен притисок и многу други знаци на пред дијабетес.
Истражувањето покажало дека оние кои јаделе сами биле за 45 проценти повеќе склони на дебелина и 64 проценти на зголемен ризик од метаболичен синдром.
Според мислењето на Аналињ Конклин, доктор по фармацевтски науки на Универзитетот во Британска Колумбија, социоекономските фактори и начинот на живот, исто така, одиграле голема улога во ова истражување.
“Оние кои не биле во брак и кои јаделе сами, имале многу полоши резултати во споредба со другите учесници во студијата”, изјавила Конклин.