Зошто е подобро да ставите вештачки засладувач на вкусот, отколку кора од лимон во колач?
Во текот на подготовката на многу специјалитети, а особено на десертите, ренданата кора од лимон е една од клучните состојки за одличен вкус, но нутриционистите предупредуваат на опасност.
Пред да почнете да рендате кора од лимон или кое било друго цитрусно овошје, имајте на ум дека овие плодови се лесно расипливи и подложни на мувлосување, па поради тоа се третираат со пестициди и фунгициди, за што подолго да останат свежи.
Кога наредниот пат ќе видите убав, жолт лимон на пазарот, размислете дали би ја употребиле кората, знаејќи како истата била третирана.
Лимонот, исто така, успева како саксиско растение, но во домашни услови многу поретко раѓа плодови, особено поради тоа што тешко може да се постигнат потребните природни услови.
Доколку сакате да додадете вкус на лимон во вашиот колач, тогаш е подобро да изберете вештачки подобрувач на вкусот, бидејќи соодносот на штетни хемикалии дефинитивно е поголем на површината на кората. За жал, миењето со вода не ги отстранува пестицидите. Единствено раствор од хиперманган може да помогне, но тоа целосно го менува вкусот на лимонот.