Зошто често се јавуваат херпеси на устата?

Главниот виновник за херпес на уста лежи во гените, утврдиле научници од шкотскиот Универзитетот во Единбург. Луѓето кај кои херпесот постојано се враќа имаат недостаток на протеинот  интерферон-ламбда, кој го спречува активирањето на вирусот  ХСВ-1. Научниците анализирале илјадници гени и ги споредиле со ДНК на луѓето кои имаат болни меурчиња на усните. Тие откриле дека овие луѓе имаат недостаток на протеини поради што имунолошкиот систем не може да се бори против болестите.
– ХСВ-1 е еден од вирусите кои кога еднаш ќе се одомаќини во телото тешко може да се ослободите од него. Тој е вовлечен во нервниот систем и обично се јавува поради стрес или болест, а резултатите од истражувањата даваат надеж за трајно излекување на опасниот вирус кој може да предизвика и отекување на мозокот.
Речиси 90 отсто од возрасните имаат ХСВ-1 херпес вирус во телото, но само една четвртина од нив добиваат болни плускавци на усните кои  се појавуваат на неколку недели. Вирусот обично се пренесува со бакнеж, а луѓето го добиваат уште во детството.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.