Годишно во светот од солариумите половина милион луѓе заболуваат од рак на кожата!

181

Секоја година во светот повеќе од 450.000 случаи на рак на кожата е директно поврзана со солариумите, покажало истражувањето објавено во американското медицинско списание “JAMA Dermatology’.

Научниците од Универзитетот Стенфорд (Калифорнија, САД) анализирале 88 истражувања од Европа, САД и Австралија и откриле дека 35,7 проценти од возрасните, 55 проценти од учениците, односно 19,3 отсто од младите луѓе го користат вештачкото сончање.

Врз основа на истражувањата од различни податоци, експертите утврдиле дека глобалниот ризик од рак на кожата поврзан со солариуми е поомеѓу три и 21,8 проценти.

Благодарение на овој процент, тие пресметале дека 450.000 случаи на рак на кожата се директно поврзани со вештачкото УВ зрачење.

– Ова се резултатите кои покажуваат сериозен здравствен проблем во развиените земји, тврдат истражувачите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.