Знаете ли дека овошните киселини ги бришат брчките!

Киселините од овошјето, јаболките и цитрусите, како и од киселото млеко и виното, ги отстрануваат мртвите клетки од кожата, ја задржуваат влагата и ја враќаат свежината.

Иако постојат многу хранливи кремови и маски, брчките целосно не можат да се избришат. Но затоа, можат да се ублажат со третман со овошни киселини.

Овој нежен хемиски пилинг за лице ја подобрува структурата и еластичноста на кожата, па така го забавува и создавањето брчки.

Зимата е идеален период за овој третман, бидејќи овошните киселини се фотосензибилни, па кожата може да стане почувствителна на сончева светлина.

Овошните киселини се одлични во борбата против пигментацијата, дамки, акните и лузните од акни, бидејќи ја ослободуваат кожата од бактерии и вишок масти, каде брзо се таложат.

Предупредување: кремовите кои содржат овошни киселини не смеете да ги нанесувате околу очите и рабовите на усните.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.