Заводот за нефрологија во Струга одбележува 40 години од првата дијализа

Заводот за нефрологија во Струга денеска слави јубилеј, 40 години од првата хемодијализа, изведена во 1978 година.

До крајот на 2017 година во оваа институција направени се над 900.000 дијализи и спасени повеќе од 200.000 пациенти.

На одбележувањето на јубилејот присуствуваа министерот за здравство Венко Филипче, неговиот заменик Асим Муса и градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, директорот Александар Попоски,  дел од вработените во Заводот, основачите, пациенти,…

Заводот за дијализа во Струга, според Филипче, е познат по својата исклучително висока експертиза.

– Ова беше одлична можност да се сретнеме со некои од основоположниците на центарот, тоа се луѓето кои со својата ентузијастичка и пожртвувана работа ја доведоа дијализата, но и медицината на едно европско ниво, истакна Филипче.

Министерството за здравство, нагласи тој, се заложи за поддршка на Заводот каде се лекуваат огромен број пациенти со оваа проблематика.

– Почнаа подготвителните работи за реконструкција на кровот, за набавка на нови апарати за дијализа, а се надеваме дека ќе ни се отворат вратите кон европските фондови за да можеме да побараме финансиски средства за целосно реконструирање на фасадата и на вратите и прозорците со цел зградата да стане енергетски ефикасна, истакна министерот.

Најави дека ќе продолжи стимулацијата на вработените со зголемување на платите и идната година.

Навраќајќи се на историјатот од формирањето на институцијата, директорот Александар Попоски нагласи дека Заводот за нефрологија значи многу за Струга, за Република Македонија, но и за регионот, каде преку методот на лекување со дијализа спасени се многу човечки животи.

– Се надевам дека ќе продолжиме со тој тренд, но треба да се посвети внимание на дел од пациентите, каде што може да се трансплатира бубрег, да се направи тоа со цел да им се подобри квалитетот на животот. Ние ќе работиме на подобрување на квалитетот на дијализата и да го промовираме здравстениот туризам, сметајќи дека Струга има одлични услови во поглед на хотелско сместување, гастрономски услови и квалитетна дијализа, рече Попоски.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.