Загрижувачки податоци – Честички загаден воздух најдени и кај неродени бебиња
Честички на загаден воздух се најдени во плацента , но засега не е познато колку точно влијаат врз фетусот.
На конгресот на Европското здружение за респираторно здравје во Париз беа презентирани докази дека честичките од загадениот воздух влијаат и врз неродените бебиња. Честичките од белите дробови на бремената жена минуваат во нејзиниот крвоток и остануваат во плацентата.
Бидејќи фетусот се храни преку плацентата , сосема е реално овие честички да навлегуваат и во организмот на неродените бебиња.
,, Тоа е загрижувачки проблем – постои голема поврзаност меѓу загадениот воздух што го вдишува мајката и последиците што тоа ги има по фетусот.” , изјави доктор Лиза Мијашита од лондонскиот Универзитет Квин Мери.
,,Секогаш е добро , доколку е можно да се избегнуваат силно загадени средини доколку сте трудни , секако и доколку не сте трудни . Ги избегнувам автобуските рути додека одам до станицата. “ , вели докторката.