За фармацевтите нема логика со лична карта да се подигаат лекови на рецепт

За фармацевтите нема логика издавањето лекови на рецепт во аптеките да се контролира со лична карта или пасош. Според претседателката на Комората со претставници на Фондот за здравство подолго време разговарале за примена на други механизми кои би овозможиле поголема контрола по укинувањето на квотите, но не и за лична идентификација на пациентот.

-Лично не гледам логика ако некој ми ја земе личната карта за да подигнам лекови. Можам да отидам и во друга аптека, никој не може да ми запише на личната карта дека сум подигнала лекови, изјави проф. д-р Бистра Ангеловска, претседател на Фармацевтската комора.

Аптеките се уште не добиле никакво известување од Фондот за здравство дека за неколку месеци како што најави Ден Дончев треба да добијат скенери за снимање на личните податоци на пациентот при подигање лекови на рецепт. .

-Досега не сум чула официјално дека ќе има некои скенери и загрозување на правата на пзциентите согласно законот за лични податоци. Не верувам и не сакам да верувам дека ќе биде такво решението додаде Ангеловска.

Од Комората на одбележувањето на денот на Фармацевтите укажаа дека неопходно е граѓаните и кај нив и кај матичните, но и во МАЛМЕД да пријавуваат несакани реакции од лекови, зошто оваа пракса за разлика од европските земји кај нас многу малку се практикува.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.