Во Албанија потврдено присуство на новата ковид варијанта БА4

Албанскиот  Институт за јавно здравје официјално потврди дека во земјата циркулира подваријантата на Омикрон БА4. – Го потврдивме присуството и на варијантата БА4, покрај БА5 која циркулира од јуни. Во лабораторија во Германија испративме 230 примероци. Од нив над 83 отсто беа БА5 и мал процент или околу 4 отсто БА4“. изјави Еугена Томини, директорка на Институтот.

Според неа се уште во земјата има висока позитивност кај новозаразени, а незаинтересираноста за вакцинација условува поотежната клиничка слика на заразените. – Продолжува висока позитивност на дневно ниво. Оваа позитивност се рефлектира и во зголемениот број на случаите на кои им е неопходен болнички третман. Незаинтересираноста за вакцинација ни дава поотежната клиничка слика на случаите, додаде Томини.

Таа предупреди дека коциркулацијата на двете подваријанти на Омикрон и сезонските вируси, на почетокот на есента, се очекува да ја комплицираат состојбата во земјата. Официјалната статистика објавена попладнево потврдува дека од тестираните 1.285 позитивен резултат е добиен кај 375 или 30 отсто од тестираните. Но, бројката е многу повисока бидејќи дел се тестираат дома и се лекуваат во домашни услови, а други и не го прават тоа поради поблагите симптоми.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.