10-те главни симптоми на актуелниот сој омикрон кој покрена нов бран на коронавирусот

187

Има сè повеќе луѓе кои страдаат од коронавирусот ширум светот, а за сите нив е одговорен видот омикрон, подтипови BA.4 и BA.5.

На почетокот, научниците не можеле да веруваат дека коронавирусот ќе може да мутира на овој начин и да развие подтипови кои вешто ќе го избегнат имунитетот и ќе создадат можност за лесна реинфекција.

Сегашните подтипови на омикорн се BA.4 и BA.5, а британски „Express“ пренесува здравствена студија спроведена од „The ZOE Health Study“.

Станува збор за апликација во која повеќе од 800 илјади луѓе ги споделуваат своите податоци за истражување на големи болести како рак, деменција, срцеви заболувања и ковид.

Оваа студија истакнала 10 главни симптоми на варијантите на вирусот BA.4 и BA.5:

– течење нос;

– воспалено грло;

– главоболка;

– постојана кашлица;

– замор;

– засипнат глас;

– кивање;

– болки во зглобовите;

– треска;

– гадење.

Губењето на вкусот и мирисот, кои претходно беа вообичаени симптоми на Ковид, повеќе не се наведуваат како главни симптоми на оваа варијанта.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.