Внимавајте: Годишните одмори носат ризик од инфаркт!

Времето на годишни одмори по правило треба да биде ослободено од стресни ситуации и да биде период на релаксирање. Токму затоа никој не помислува дека може да дојде до нешто лошо и непредвидливо. Сепак, експертите предупредуваат дека најмногу во такви околности се јавуваат проблеми со срцето со фатални последици. Се верува дека проблемот се јавува поради гужвите, загадувањето на воздухот, топлото време и температурните разлики, јадењето различни видови храна, алкохол и зголемувањето на движење. Сè на сè, на летниот одмор доаѓа до брзо менување на животниот стил. и истражување од пред 9 години потврдува дека за време на одморите се менуваат навиките што на организмот му создава голем стрес. Може да дојде до срцев удар или други здравствени заболувања. Холандско истражување покажува дека срцевите напади се најчести првите два дена од одморот. Авторот на истражувањето објаснува дека луѓето се ранливи и за време на одморите и дека тогаш може да се јави најголем стрес од било кој друг период.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.