Внимавајте, денеска е најдепресивниот ден во годината!
Денес е најдепресивен ден во годината, наречен од Британците „Blue Monday“, пишува „Метро“.
Луѓето гледаат во јануари на два начина. За оптимистите тоа е нов почеток, и за сите други, тој е исполнет со проблеми.
Причините за депресија се доста објективни. Нашите тела се уморни од декемврискиот маратон, а нашите банкарски сметки се испразнети. Утрата се уште се многу темни, а сонцето е премногу слабо за да го регенерира нашето ниво на витамин Д. Значи, природно, најдепресивниот ден во годината е во јануари.
За најмногу посочуван во овој поглед е еден од понеделниците од првиот месец од годината. Се пресметува со посебна формула. Оваа година тој паѓа на 15-ти јануари.
Иако „Blue Monday“ се „слави“ секоја година, изборот на денот не е строго научно оправдан. Датумот е пресметан од страна на психологот Клиф Арнал со формула земајќи ги предвид факторите како што се ладно и влажно време, долгови, деновите поминати по Божик, општото чувство на ниска мотивација.