Ако се чувствувате уморни, сакате да ја вратите силата на вашето тело или да го заштитите организмот и да му ја обезбедите потребната доза на витамини и минерали, тогаш овој рецепт е направен за вас.
Овој детокс сок е вегански, без глутен и млечни производи, а направен е исклучиво од природни состојки.
Главната улога во моќниот детокс сок ја има коријандерот кој ги отстранува тешките метали од телото, ја подобрува работата на мозокот, ги чисти цревата, помага при гастритис и го потикнува варењето.
Покрај коријандерот, важна улога во детокс сокот има и лимонот кој е најбогат извор на витамин Ц, ја подобрува функцијата на црниот дроб, ги зајакнува одбранбените механизми во телото и ги спречува воспалителните заболувања.
Гумбирот е често неопходен во сите детокс пијалоци бидејќи има антиинфламаторно дејство, го јакне желудникот и го зајакнува имунитетот. Овој корен го стимулира лачењето на желудечниот сок, помага при варењето, циркулацијата и ја зголемува активноста на тироидната жлезда во производството на хормони.
Уште една состојка на овој пијалок за детоксикација е краставицата. Богата е со антиоксиданти и хранливи материи, го поддржува дигестивниот тракт, го хидрира организмот, ги отстранува токсините од организмот и помага при металоиди. Во пијалокот можете да додадете зелено јаболко кое го олеснува варењето, позитивно влијае врз здравјето на црниот дроб и е природен детоксикатор.
Состојки:
2 поголеми свежи коријандери
парче од 2,5 см свеж ѓумбир
4 излупени лимони
2 големи краставици
1 јаболко
Подготовка:
Од сите состојки исцедете го сокот според прикажаниот редослед. Истурете во чаша и промешајте. Уживајте!