Трендови, наука, разум или традиција?

Екстреми во исхраната

423

Трендовите во исхраната се менуваат, голем број луѓе се одлучуваат на одредени начини на хранење, некои типични за традицијата, други на работ на науката и разумот.

Факт е дека постојат повеќе поделби од само сештојади и вегетаријанци, иако овие две се најчести. Сведоци сме дека во последните години има и доста повеќе вегани.

Луѓето на промени во исхраната се одлучуваат поради најразлични причини. Едни за заштита на планетата, други за спас на животните, трети поради одредени здравствени проблеми, а ги има и оние кои го прават тоа затоа што така прават и оние околу нив.

Без разлика која и да е причината, ова се најосновните поделби врз основа на исхраната:

Омнивори – јадат сè, месо, риба, сирење, јајца, овошје, зеленчук…

Пескатаријанци – не јадат месо, туку само риба и морски плодови, а јадат и сирење и јајца

Вегетаријанци – не јадат месо, ни риба, а јадат сирење и јајца

Вегани – не јадат никаква храна од животинско потекло

Сирови вегани – јадат само жива храна од растително потекло

Фруктаријанци – се хранат само со овошки

Радикални фруктаријанци – го јадат само овошјето што паднало од дрвото

Сангејзери – пијат вода и се „хранат“ со сончева енергија

Бретаријанци – исклучуваат секаква храна и тврдат дека живеат само од светлина т.е. праната (универзален принцип на размена на сила и енергија)

Овие последните ги следи верување дека се измамници и дека во пракса всушност, се хранат, а пред јавноста прикажуваат нешто друго. Тие пак, кои го применуваат бретаријанството, сметаат дека телото може да живее синхронизирано со природната енергија. Нив ги сметаат за екстремисти кога е „исхраната“ во прашање. Точни докази за тоа дали и како преживуваат не постојат, туку само сведоштва, чија релевантност е дискутабилна.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.