Веднаш исфрлете ги овие 5 намирници
Познат адвокат на своите клиенти им обезбеди 600 милиони оштета поради труење
Бил Марлел е познат адвокат и сигурни сме дека никој не би го прашал за совет околу исхраната посебно во врска со она која храна е најризична.
Марлел поминал повеќе од 20 години во адвокатски парници поради труење со храна.
Познат е по тоа што некоја храна апсолутно никогаш не ја јаде. Познат е и по тоа што успешно се изборил во случаите каде 600 милиони долари оштета добиле неговите клинети кои се затруле од храна.
Тој советува што треба да се избегнува:
Сирова храна
Марлел вели дека во последните 5 години видел повеќе труења со школки отколку во последните две децении.
Причината за тоа е во начинот на кој тие се хранат. Тие ја филтрираат водата но ако во некоја од школките се наоѓа некоја бактерија, ја филтрираат и неа. А ако остане во неа па и доколку бактеријата се пробие во организмот на човекот станува многу полошо.
Сирови и недоволно готвени јајца
Секој пат кога ќе дојде до епидемија од салмонела, ни текнува на луѓе кои се мачат да преживеат. Во епидемијата во 2010 година заболеле 2.000 луѓе. Марлел смета дека опасноста денес е многу помала отколку во 90 тите. Но, тој јаде јајца но исклучиво добро варени.
Однапред миена салата или овошје
Тој вели колку повеќе храната се обработува и поминува низ повеќе раце поголема е шансата да си наштетите самите на себе.
Тој купува неизмиено овошје во мали количини кое ќе се изеде најмногу три до четири дена. За да се намали ризикот од листерија и смртоносни бактерии кои се развиваат во фрижидерите.
Крваво месо
Сите меса кој тој ги јаде се добро печени со една цел, секоја бакетрија која ќе се најде на површината да биде успешно уништена. Ако не го припремате месото како што треба ризикувате од ешерихија коли, салмонела, но и сите други помали бактерии.
Непастеризирано млеко
Во САД само од 1998 до 2011 година имаше 148 случаи на труења со употреба на непастеризирано млеко.
За каков голем ризик станува збор покажува и фактот што многу малку луѓе го пијат токму ова млеко. Според Марлел ваквото млеко не доаѓа во предвид да се конзумира.