Дали се намалува желудникот ако јадете помалку?

Зошто некои диети имаат контра ефект и кој е иделаниот начин да ослабете?

Многумина сметаат дека ако ја намалат количината на храна што ја јадат на дневна основа, желудникот по извесно време станува помал, а со тоа и стомакот. Ако звучи смешно, тоа е затоа што е смешно. Желудникот што се смалува е сепак само мит.

Да, желудникот е еластичен, ама само донекаде, објаснува д-р Нитин Кумар – гастроентеролог, за Prevention.com. Тоа е корисна особина за во моментите кога ќе изедете обилен оброк, по што штом се свари храната, желудникот брзо се враќа во вообичаената големина.

Но желудникот нема да продолжи да се „собира“ дури и ако почнете да јадете многу помала количина храна отколку обично. Во реалноста, луѓето имаат приближно ист желудник без оглед на тоа колку килограми имаат.

Ако беше вистина дека желудникот се смалува со јадењето помали количини храна, тогаш тие што не се дебели ќе имаа помал желудник од тие со вишок килограми. Но тоа не е случај, се наведува во студијата објавена во стручниот журнал Gastroenterology.

Гледајте на тоа вака, објаснува Кумар: Човечкиот организам е создаден така што да може да прифати количина на храна која му е неопходна за задоволување на енергетските потреби, а тоа важи и за во времиња кога нема доволно храна. Во времињата кога се гладувало низ историјата, на пример, ако желудникот се намалувал, тоа не би завршило добро.

Во суштина, објаснува Кумар, кај повеќето луѓе апетитот се зголемува кога ќе се намали внесот на калории. Телото почнува да мисли дека сосема ќе изгладните, па се јавува комбинирана физиолошка-хормонална реакција на организмот во обид да ве натера да јадете повеќе и да се вратите на килажата која ја доживува како нормална; Системот тогаш ни е преплавен со хормонот на глад – грелин, па поради тоа ни е потешко да одолееме на храната кога сме на диета. Истовремено опаѓа и температурата на телото, а метаболизмот забавува во „очаен“ обид да ја сочува драгоцената енергија на нашиот организам.

Со други зборови, драстичното намалување на обемот на порцијата не само што нема да ви го направи желудникот помал, туку може да има и спротивен ефект од тоа што го посакувате. Дури и да успеете на тој начин да вратите некој килограм, потоа тие килограми ќе се вратат побрзо отколку што мислите, и тоа „со камата“.

Тоа не значи дека не можете да ослабете. Но тоа немојте да го правите со нагло намалување на количината на храна што ја внесувате до степен што ни на врапче не му била доволно, така да се изразиме. Тоа мора да го направите постепено, за вашиот организам да има доволно време да се прилагоди и навикне на новиот режим.

Наместо да „престанете да јадете“, попаметно е да го намалите калорискиот внес за 100 или 200 калории дневно. Тоа е сосема доволно за килограмите да почнат постепено да се намалуваат и да не остави последици по вашето здравје и метаболизам, но и единствен начин вашиот организам да не ја доживее диетата како изгладнување, па да почне да се опира со сите сили да ги саботира вашите намери за слабеење.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.