Кога започнувате со држење диета, најголем проблем е да се издржи оној период меѓу оброците кога се јавува чувството на глад. Во тие моменти е тешко да ѝ се одолее на храната и да се остане доследен, меѓутоа со овие нискокалорични грицки, целиот процес станува многу полесен.
Добрата вест е дека доколку сте на пат кон постигнување на подобра фигура на телото, не мора во целост да се откажете од меѓуоброците кои ги сакате. Треба само паметно да ги бирате и оние кои имаат многу калории да ги замените со поздрави варијанти.
Нутриционистката Тери Ен Нанс верува дека губењето килограми и понатаму е можно ако одберете нискокалорична храна која ќе ја јадете помеѓу оброците.
„Кога имате ужинки меѓу оброците, обезбедувате постојан проток на енергија што може да ја намали ненадејната потреба за јадење која пак, може да доведе до тоа да направите лош избор“, вели таа.
- Чаша јогурт
- Мала кесичка пуканки
- Едно Јаболко
- Едно варено јајце
- Житна плочка
- 5 гумени бонбони
- 2 тенки парчиња мисиркино месо
„Трудете се секогаш при рака да имате некои од овие грицки, за да не посегнувате по некои нездрави варијанти. Најдобар избор е храната која е богата со протеини, бидејќи токму тие го даваат чувството на ситост во текот на денот и помагаат при градењето на мускулите.“