Чај од невен – за што е добар и како се приготвува?

Многу корисен

300

Невенот е многу лековита билка, а особено позитивно делува врз кожата. Чајот од невен има антимикробно, антивоспалително и смирувачко дејство – па се користи за широк спектар од тегоби.

Претставува богат извор на витамини и минерали, кои се неопходни за нашето здравје. Чајот од невен подеднакво добро делува врз нашиот организам кога се користи и за внатрешна и за надворешна употреба.

ЗА ШТО Е ДОБАР ЧАЈОТ ОД НЕВЕН?

-се користи за испирање на усната шуплина при болки во грлото, воспалени непца, афти или кандидијаза.
-се користи во вид на облога при разни кожни тегоби.
-помага во ублажување на осип од пелени кај бебиња.
-овој чај се користи за испирање на очи во случај на јадеж на очите поради алергија, кај суви очи и вирусен конјуктивитис.
-може да се испира лицето при проблематична кожа, акни и митесери.
-чајот од невен се користи и како бања за стапалата при габична инфекција (атлетско стапало).
-ублажува воспаленија на кожа, како и осип.
-исперете ја косата со чај од невен за да ги ублажите иритациите на скалпот (кожата од главата).
-доколку го складирате чајот од невен во шише со распрскувач, ќе добиете ефикасно дезинфикационо средтсво.
-Чајот од невен дава позитивни резултати кај чир од желудник, лимфни чворови и болки во грло.
-се корсти при ушни инфекции (во вид капки за уши)
-врши детоксикација на организмот, го јакне имунитетот и спречува појава на рак.
-чајот од невен ги ублажува болните и нередовните менструации.
-чајот од невен се користи кај гинеколошки проблеми.

-кај присуство на хемороиди, се користи надворешно за ублажување на симптоми.

КАКО СЕ ПРИГОТВУВА:

За внатрешна употреба: една лажица сув цвет од невен прелијте со шолја зовриена вода, поклопете и оставете да отстои 15 минути. Потоа процедете го чајот и пијте 2-3 шолји чај дневно.

За надворешна употреба: 2 лажици сув цвет од невен прелијте со половина литар зовриена вода, поклопете, оставете да отстои 15-20 минути, а потоа процедете.

ЧАЈ ОД НЕВЕН ВО ГИНЕКОЛОГИЈА

Чајот од невен е особено значаен за жените, бидејќи се користи за лекување на многу гинеколошки проблеми. Чајот од невен во гинекологијата има широка примена:

-регулира менструален циклус,ж
-отстранува симптоми на болни и тешки менструации
-се користи за испирање при вагинални инфекции,
-делува против цисти на јајници и отстранува грчеви на матка (што е многу корисно при болни менструации)

Чајот од невен има примена во гинекологијата благодарени на своето антивоспалително, антиспазматично и антимикробно дејство.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.