Тврдоглавите живеат подолго!

Оптимизмот, тврдоглавоста и здравата работна етика би можеле да бидат клучни за живеење на подолг живот, тврди едно ново истражување.

Истражувачите го прочучуваа психичкото и физичкото здравје на италијани на возраст помеѓу 90 и 101 година, и открија дека сите тие делат заеднички психолошки карактеристики.

Испитаниците во ова истражување се чувствувале психички подобро од помладите членови во нивното семејство, тврди истражувањето. Научниците тврдат дека токму ова е рецептот за подолг живот.

Научници од Универзитетот од Калифорнија и Универзитетот „La Sapienza“ од Рим надгледуваа 29 испитаници кои живеат во југот на Италија. Тие го оценуваа нивното психичко и физичко здравје преку серија на тестови и интервјуа.

За споредба, во истражувањето беа вклучени и помладите членови од семејствата на испитаниците, и на нив им беа поставени прашања за испитаниците, за да дознаат како тие ги доживуваат нивните постари роднини.

Покрај тоа што голем дел од испитаниците биле окарактеризирани како оптимисти, научниците дознале и дека скоро сите биле и тврдоглави, што тие сметаат дека им помогнало во животот бидејќи помалку се грижеле што мислат другите, и постапувале онака како што тие сакаат. Уште една заедничка карактеристика била тоа што повеќето од нив имале голема желба за рурален живот.

„Постојат многу истражувања за долг живот, но ниту едно од нив досега не се фокусираше на психичките аспекти, туку на генетиката. Со нашето истражување откривме дека работната позиција, психичкиот пристап према работите, па дури и човечките карактеристики како што е тврдоглавоста имаат голем удел во имањето на долг животен век“, изјави Дилип В. Џест, авторот на ова истражување и професор по психијатрија и невронауки на Универзитетот Сан Диего.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.