Целосно бескорисни лекарски совети

Со години ги практикувате

Иако за лекарските совети и лековите кои тие ни ги препишуваат мислиме дека се темелат на наука и истражувања, неодамна е откриено дека дури 400 рутински практики се во целосна спротивност со објавените истражувања.

Некои идеи се целосно побиени, а ова се само некои од оние кои се во спротивност со широко прифатените теории.

Алергија на кикирики се развива без оглед на тоа дали е детето изложено на јаткасти плодови пред третата година.

Лекарите долго им советувале на родителите да не им даваат на бебињата кикирики додека не наполнат три години, но кај децата изложени на јаткасти плодови дури и на возраст од неполна година не е утврден зголемен ризик за развој на алергии.

Рибиното масло не го намалува ризикот од срцеви заболувања

Теоријата дека рибините масти помагаат за превенција на срцевите болести во еден момент делувала логично. Луѓето чија исхрана се заснива на масна риба поретко заболуваат од срцеви болести.

Масната риба содржи омега-3 масни киселини. Омега-3 суплементите го снижуваат нивото на триглицериди, а високото ниво на триглицериди е поврзано со срцевите заболувања. Се смета дека омега-3 масните киселини ги ублажуваат воспалителните процеси кои играат важна улога во срцевите напади. Истражувањето спроведено на 12.500 луѓе покажало дека внесувањето на суплементи на омега-3 масни киселини на секојдневно ниво не штити од срцеви заболувања.

Гинко билобата не заштитува од губење на помнењето и деменцијата

Овој суплемент кој се произведува од листови на дрвото гинко се користело во кинеската медицина, а и денеска се препорачува како средство за зачувување на меморијата. Американското истражување покажало дека овој суплемент е дефинитивно бескорисен во наведените цели.

Чистењето на куќата од грињи, глувци и бубашваби не помага во спречувањето на нападите на астма.

Се советува да ја исчистите куќата од овие алергени доколку вие или вашето дете боледувате од астма. Теоријата се заснива на претпоставката дека алергиската реакција на нив може да предизвика напади. Но животниот простор без нив дури и кај деца чувствителни на алергени, кај глувците не ја намалил зачестеноста на нападите.

Породувањето не е нужно да се направи непосредно по пукањето на водењакот.

Мембраната која го опкружува фетусот може да пукне пред време и плодовата вода да истече. Акушерите стравуваат дека бактериите би можеле да стасаат во претходно стерилната средина во која се наоѓа фетусот и да предизвикаат инфекција. Би било подобро веднаш да се направи породувањето, сметаат лекарите. Клиничкото истражување покажало дека доколку акушерот внимателно го следи фетусот додека чека контракциите да почнат по природен пат, нема зголемен ризик од инфекции. Напротив, новороденчињата се поздрави, претрпуваат помал респираторен стрес, а ризикот од смрт е помал отколку кај бебињата родени по индуциран пат по пукањето на водењакот.

Бројачите на чекори и на калории не помага за губење на килограмите.

Напротив, резултатите би можеле да бидат подобри без дигиталниот асистент. Од 470 испитаници набљудувани во период од две години, оние кои носеле бројачи на чекори и калории всушност изгубиле помалку килограми од оние кои едноставно се држеле до стандардните насоки.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.