Тројца лекари во игра за прв човек во здравството!

Повеќе од два месеци најголемиот, најобемниот и најважниот сектор во државата е без кормилар. Нема министер за здравство откако Арбен таравари стана градоначалник на Гостивар. Кој ќе го наследи никако официјално да се дознае бидејќи коалиционите партнери не можат да се договорат. Иако јавно не кажа никој, сепак, овој сектор ќе припадне на СДСМ. Неофицијално, тројца лекари се во игра за министерската фотелја. Двајца од нив се од скопските клиники а еден од болница. и тројцата важат за блиски луѓе на премиерот Зоран Заев.

Доколку, пак, повторно дојде до прегрупирања и здравство остане во рацете на Алијансата за Албанците, тогаш кандидат за министер е Вулнет Ферати.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.