СЗО со предупредување – Маларијата во Венецуела зема замав и се шири и надвор од границите!

Маларија брзо се шири во Венецуела, каде има 406.000 случаи во 2017 година, што е за 69 отсто повеќе отколку претходната година, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Организацијата наведе дека бројот на заразени е за петпати поголем отколку во 2013 година.

Мигранти од Венецуела, кои заминуваат од земјата поради економската и општествена криза, ја пренесуваат болеста во Бразил и други делови на Јужна Америка, соопшти СЗО и побара од властите да обезбедат бесплатно лекување без оглад на статусот, а со цел да се запре натамошно ширење на болеста.

– Во Јужна и Северна Америка, не само во Венецуела, имаме извештаи за пораст на болеста, изјави директорот на програмата за борба против глобална маларија при СЗО Педро Алонсо.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.