СЗО алармира – Ни се заканува болеста “Х”!
Секоја година, СЗО организира состанок со истакнатите научници за да ја утврди листата на болести кои претставуваат опасност.
Минатите години, на листата се болести како Ласа треската, која моментално беснее низ Нијагара, и еболата од кои починале повеќе од 11.000 луѓе во западно-африканските земји во период од 2013 до 2016 година.
Сега на листата е додадена и деветта болест, наречена „болест Х“.
„Болеста Х“ не е ново идентификуван патоген. Болеста е предизвикана од биолошка мутација или можеби несреќа или терористички напад, што се шири брзо.
СЗО потврдува дека заразните болести и епидемиите што се создадени од нив се непредвидливи. Како и шпанскиот грип од кој починале 50 до 100 милиони луѓе помеѓу 1918 и 1920 година, болеста Х е катастрофа што никој не ја видел додека не било предоцна.
Еден извор на болеста Х би можела да биде намерно искористување на заразна болест како оружје.
Био-оружјето е еден ризик, а животните друг.
Најверојатниот извор на болеста Х се животните, односно болестите присутни кај дивите и домашните животни што можат да се пренесат на луѓето. Околу 70 отсто од новооткриените болести од минатиот век биле зоонотични. Еболата е пример за тоа. Се верува дека западно-африканската пандемија од 2013 до 2016 година започнала кога во Гвинеја едногодишно момче било каснато од лилјак заболен од ебола. Болеста се проширила на неговата мајка, сестра и бара, а потоа била одговорна за повеќе од 11.000 смртни случаи во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.
ХИВ е исто т ака зоонотична болест. Епидемијата на ХИВ најверојатно започнала кога некој убил и изел диво шимпанзо. Оттогаш, од оваа болест заболеле околу 70 милиони луѓе, а загинале 35 милиони луѓе.
Домашниот добиток е најверојатно инкубатор за болеста Х. ГОлемите групи на домашни животни (кокошки, свињи, камили) што се чуваат во непосредна близина, создаваат идеални услови за размножување на овие пандемии. Вирусите постојано мутираат, брзо сед вижат од дивите животни до домашните, а потоа се префрлуваат на луѓето. Тие можат да се прошират преку крлежите, но најмногу преку воздухот.