Солта и алкохолот штетни за коските!

Калциумот не е единствената хранлива состојка за коските, но е најважна. Дневно се потребни околу 1000 милиграми. Покрај тоа потребни се и адекватни дози на витамин Д за апсорпција на калциумот. Експертите советуваат, ако сакате силни коски во подоцнежните години, треба да го оставите пушењето и да ја зголемите физичката активност. Но мора да се внимава и на храната која исто така има влијание кај одржувањето на коските. Има храна на која треба да се внимава, а тоа посебно се однесува на лицата со остеопороза.

Како прво, кофеинот е една ос состојките што ја забавува регенерацијата на коските. Пиењето кафе наутро или попладне се меша со апсорпцијата на калциумот. Повеќе калциум оди во урината поради диуретичкиот ефект на кофеинот. Но едно кафе на ден не ќе предизвика голема штета ако исхраната е богата со калциум.

Под број два се газираните пијалоци. Ако сакате здрави коски подалеку од газирано. Фосфорот и фосфорната киселина исто така влијаат на апсорпцијата на калциумот. Во оваа група е и солта. Големите количини на натриум му штетат на здравјето на многу начини. Колку повеќе сол, толку повеќе калциум се излачува во урината и потта. Под број четири е алкохолот. Една чаша алкохол за жени и две за мажи дневно може да се каже и дека ги штити коските. Но, големите количини алкохол може да доведат до губење на коскената маса и зголемување на веројатноста од појава на фрактури. Затоа внимавајте што јадете и пиење ако сакате здрави коски.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.