За ваква исхрана, според зборовите на Маја Волк (59), награда е трајното здравје, подмладен изглед, затегната кожа, бујна жива коса, радосни мисли, но и промени одвнатре…
„Зарем не е чудно да се грижите за горивото кое ги ставате во вашито автомобил, па дури и за храната за својот миленик, почесто отколку што тоа го правите за себе?“, прашува Маја Волк во својата книга „Лонлчињата се во пеколот, во рајот нема готвење” и потсетува дека горивото на човекот го чинат воздухот, водата и сонцето, а дека билките се единствени кои можат директно да ја претворат сончевата енергија во материја и со самото тоа кога јадеме живи билки добиваме и сончева енергија.
„Ефектите на таквата исхрана се чувствуваат веднаш бидејќи нема подочници, замор, кожата
ви блеска, има сјај, нема мозолки, тврди петици, груби лактови, целулит, лузните счезнуваат, а крвта и метаболизмот така се средуваат што за три недели нема да имате ниту кивавица“, вели Маја Волк која веќе седум години се храни исклучиво со сирови намирници и во својата книга нуди бројни рецепти подготвени исклучиво од сирови продукти.
Во живата храна спаѓаат овошје, семки, никулци, ладно цедени масла, храна без сол бидејќи свежата храна има своја сол и затоа варената храна е блуткава додека не и се додадат зачини. Ладноц едените масла од маслина, сусам,кикирики, тиква, пченички никулци, афион, лен, се раствораат во вода и лимон, не се лепат за цревата, а ги подмачкуваат органите така што се’ во организмот работи „како подмачкано“.
„Јас имам многу јасно и живо чувство дека органите одвнатре ’ми се чисти’. Нема потење,
нема мириси, нема киселини, а потоа ви се променуават и мислите, па нема кисели и лути
мисли. Кога во вашиот организам ништо не гние, тогаш и не се чувствувате гнило. Освен
свежото, замрзнатото овошје и зеленчук имаат иста вредност и ензимите ништо не губат
со замрзнување, туку тие се уништуваат со загревање. Да е поинаку, органите за
трансплантација би бланширале, но тие тогаш ’би биле мртви’, зарем, не?“, напоменува
Маја Волк која се излекувала од карцином и после операциите, агресивните терапии и
лекови со радост вели дека нејзините органи благодарение на сировата исхрана денес се
„млади“, а таа полна со живот и радост.
Маја препорачува овошје да се јаде наутро и до пладне,бидејќи во тој период се врши
детоксикација во организмот.
„Ако денот го започнете со овошје ќе имате премногу енергија, а доколку тогаш внесете
обилен пржен појадок телото ќе мора да одвои нова енергија за варење и затоа тогаш
најчесто ви се спие. За веганската кујна е потребно да се има соковник, сецко и блендер.
Ваквиот вид на исхрана донесува кујна без мириси, пржење, тигани,лонци, со драстично
намалување на потрошувачка на струја и детергенти бидејќи со топла вода можете да
измиете се.
Принципот на оваа исхрана е едноставен- јадете секој ден во сите бои! Наутро и навечер Маја има овошни комбинирани оброци:
„Наутро во блендер ставам банана, киви, замрзнато ситно овошје (бобици како капини,
малини, јагоди), никулци, мед, полен, сок од соковник од цвекло, морков, јаболка,
портокал, целер, магдонос…комбинациите се бескрајни. Од килограм и пол се добива еден
литар ’густиш’ кој го делам на два дела. Една половина испивам наутро а другата навечер.
помеѓу тоа јадам еден или два оброци на основа на замрзнат грашок или пченка (само
одмрзната или полиена со млака вода). Тоа се протеини и јагленихидрати, а покрај сите тие комбинации предвид доаѓаат и пиперка, патлиџан, кромид, рендано цвекло, рендан морков, рендана тиквичка,рукола, салата, зачински тревки, целер и сето тоа поврзано со
прекрасни масла,а наместо оцет сок од лимон. Таков оброк задолжително наросувам со
мелени семки од лен, со 2 – 3 бадеми, 2 – 3 ореви, 2 – 3 сирови кикиритки (најмногу 50.
г семки дневно). Помеѓу оброците понекогаш грицкам суво овошје, сливи, кајсии, грозје и
сето тоа не може да ми здодее бидејќи секојпат чувствувам радост на секоја моја клетка
која и се радува на оваа храна“.
За ваквата награда според зборовите на Маја Волк наградата е трајно здравје, подмладен
изглед, затегната кожа, бујна и жива коса, радосни мисли, но и промени одвнатре. Тогаш
почнувате со поглед да го барате сонцето, вдишете го животот со полни гради, ви се
зголемува способноста да ги решавате проблемите, покреативни сте, исчезнуават депресии,
нервоза, глад.