Со кој витамин да спречите респираторни инфекции?
Научниците од Универзитет во Лондон тврдат дека консумирање на таканаречниот „сончев витамин“ помага во развојот на коските и мускулите, но ги штити и респираторните органи од запаление.
Биле анализирани податоци од 11 илјади лица во 14 земји и заклучено е дека витаминот Д може да спречи запаление на респираторните органи.
– На пример, да ја земеме Велика Британија во која има 65 милиони луѓе, а 70 отсто од нив барем еднаш имале акутна респираторна инфекција секоја година, земањето витамин Д на дневна или неделна основа би помогнало 3,25 милиони луѓе да заболат од грип. Внесот на витамин Д низ храната е минимален, а жителите на некои земји скоро и да го немаат во организамот. Но, затоа овој витамин, во таблекти, може да спречи некои здравствени тегоби – изјави професорот Адриан Мартино.
Здравствените организации на европските земји истакнуваат дека Европјаните не внесуваат препорачна доза од овој витамин (10 милиграми) дневно кога нема сончева светлина.
Настинките и грипот се најчесто во зима, кога нивото на витамин Д е најниско. Инфекциите на респираторните тракт влијаат на синусите, грлото и белите дробови, а тегобите може да траат и 30 дена.