Скопјани се гушат – Скопје 7-ми најзагаден град во светот!
Воздухот во Скопје синоќа беше екстремно загаден, со што главниот град се најде на 7 место на листата најзагадени во светот.
Во Центар биле измерени 109 ПМ на 100 микограми, Карпош 171 на 100 микрограми, Ректорат 149 ПМ на 100 микограми.
Приштина е втора, а Сараево е 8 најзагаден град во светот.
Ние сме во друштво на најзагадените индиски и кинески градови.
Прв е Лахоре во Пакистан, трет е Делхи, четврти е Калкута.
Топ 10 се дополнува со Дака, Беијинг, Катманду и Кувај сити.