Многу често одредени симптоми по кои може да се препознае дека постои некакво психичко нарушување погрешно ги толкуваме како лошо расположение.
Погледнете се прво себе, а потоа и оние околу себе. Ако препознаете некој од овие шест симптоми, тогаш можеби е време да се погрижите подобро за своето ментално здравје.
Не можете да мокрите кога има некој во близина
Никогаш не можете да се измокрите во јавен тоалет затоа што сте свесни за присуството на другите луѓе надвор. Но, тоа ви се случува и дома, кога ќе чуете дека некој е близу до вратата на тоалетот. Седум отсто од светската популација го искусила ова барем еднаш во животот. Во крајни случаи, треба да се вгради катетар кај личноста.
Грицкање нокти
Оваа навика често ни делува наивно, но многу опсесивни нарушувања се поврзани токму со грицкањето нокти. Најчесто се појавува кај жените и почнува кога се тинејџерки. Од ова страдале Бритни Спирс, Џеки Кенеди, Ева Мендез…
Изливи на емоции
Изливите на емоции се сосема нормални, но не и кога емоцијата не е соодветна на ситуацијата. На пример, се случува луѓето кога ќе чујат тажна или лоша вест, рефлексната реакција им е хистерично смеење. Во оваа ситуација стресот одговара со сосема спротивна реакција и во психијатријата ваквата појава е позната како катагеластицизам.
Неможност за препознавање и чувствување на некои емоции
Сте слушале од други или пак на своја кожа сте почувствувале дека некоја емоција не била изразена соодветно или пак, не можете да ја препознаете кај својот партнер. Се работи за состојба во која луѓето не се способни да ги познаат и изразат емоциите. Секој од нас до одреден степен ја има појавата позната како алекситмија, а во најтешките случаи може целосно да изостанат емоции и да го уништат животот на лицето и оние околу него.
Нетолеранција на звуци
Сосема е нормално негативно да реагираме на иритирачки звуци, но состојбата позната како мизофонија е кога дури и најсекојдневните звуци предизвикуваат немир. Тука спаѓаат најобични звуци, како што се сообраќајот, зборувањето, птиците, дишењето, кашлањето… Во најекстремни случаи предизвикуваат толку нервоза, што лицето е во состојба физички да го нападне оној кој ги „произведува“ звуците.
Опозиционо нарушување на непослушност
Луѓето кои страдаат од ова се негативно настроени кон авторитетите и реагираат на негативен начин. Некој ова го гледа како тврдоглавост, но последиците може да бидат крајно непријатни. Најчесто се појавува кај возрасните, но ниту децата не се поштедени, особено во школските години.