Сирењето, путерот и павлаката го штитат срцето!

Масните намирници, како што се сирењето, путерот и павлаката, најчесто се сметаат за едни од виновниците за срцевите заболувања. Но, резултатите од новото истражување покажуваат дека исхраната богата со засистени масти всушност може да има бројни здравствени бенефиции.

Имено, научниците од Универзитетот Берген во Норвешка заклучија дека природните маснотии во храната, со ограничена количина на јаглехидрати, не предизвикуваат пораст на штетниот холестерол.

Во истражувањето учествувале 40 дебели мажи кои биле на разни диети.

“Едните јадеа путер и павлака, додека другите консумираа кокосово масло. Во диетата не беа вклучени прехрамбени масти кои се наоѓаат во брзата храна и грицките. Сите јадеа многу овошје, а никој од учесниците не внесуваше повеќе од 2.100 калории на ден. До крајот на истражувањето и двете групи во просек ослабеа по 12 килограми, од што поголемиот дел масно ткиво, што го намали ризикот од висок крвен пристисок и дијабетес”, изјави доктор Данкел.

Данкел истакнува дека на бројните популарни намирници во последните години им е намалено нивото на маснотии, а тоа е заменето со шеќер.

Намирниците како путер, месо, интегрални јаглехидрати и масти кои се наоѓаат во маслиновото масло и рибата може да го намалат нивото на срцеви заболувања.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.