Многу е важно вашето тело да добива доволно витамини и минерали за да функционира нормално. Недостатокот на железо може да предизвика сериозни последици, затоа е важно на време да ги препознаете симптомите, пишува Daily Star.
Недостатокот на железо нè прави чувствителни на инфекции, болести и го зголемува ризикот од развој на некои срцеви заболувања. До недостаток доаѓа кога бројот на црвени крвни зрнца е помал од тоа што е нормално.
Железото е потребно за да се создава хемоглобин, ако го нема доволно во телото тогаш ткивата и мускулите не добиваат доволно кислород и не можат да работат како што треба.
На кои симптоми треба да се обрне внимание?
– умор и недостаток на енергија
– губење на здивот
– проблеми со срцето
– бледа кожа
– главоболка
– промени во чувството за вкус
– чешање
– чувствителен и необично мазен јазик
– паѓање на косата
Пожелно е да се внесува храна богата со железо како месо, риба и зелен лиснат зеленчук. Телото не го апсорбира од храната ако внесувате премногу кравјо млеко.