Симптоми на габична инфекција која секоја жена мора да ги знае!

Најчеста инфекција во вагината на жената

Инфекцијата со габички е најчеста инфекција во вагината на жената. Јасно е дека ниту една жена не сака да се бори со оваа непријатна појава, но факт е дека таа се јавува кај секоја жена повеќепати во животот.

Габичната инфекција настанува поради зголемениот број на габичката кандида, кои можат да се наоѓаат во вагината без да ја предизвикаат инфекцијата. Може да ја предизвика и нешто што во вагината ги уништува нормалните бактерии кои таму се наоѓаат, како антибиотиците, вишокот на влага или лошиот материјал на долната облека.

Пет симптоми на габична инфекција
Честопати габичната инфекција се заменува за некое друго вагинално заболување, па добро е да ги запамтите симптомите кои ќе ви откријат дека станува збор за овој вид инфекција за што побрзо да го започнете лекувањето.
– црвенило, пецкање или отекување на вагината, како и на срамните усни;
– пецкање и чувство на притисок при уринирањето;
– болка при сексуалните односи;
– сувост на вагината;
– густ бел исцедок.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.