Токсините се наоѓаат насекаде околу нас, а на различен начин се акумулираат во телото и предизвикуваат непосакувани последици.
Затоа, важно е на одреден период да му правите детоксикација на телото и да се ослободите од сите отрови.
Но, како да знаете дека телото ви е полно со токсини, независно дали е од загадување, нечистотии, лоша исхрана или употреба на средства со хемикалии и слично.
Следниве симптоми укажуваат дека телото ви е полно со токсини и дека е време за детоксикација:
Имате проблеми со констипација (запек)
Збунети сте, ви се лоши и немате добра концентрација
Редовно се бањате и користите дезодоранси, но телото испушта непријатна миризба
Имате болки во мускулите и зглобовите, иако сте немале некој напор во периодот
Црвенила и иритација на кожата
Заспивањето навечер станува потешко иако сте преморени
Почнувате да се дуете и дебелеете, иако сте физички активни
Имате лош здив
Ноктите на нозете изгледаат лошо и имаат габи
Косата почнува брзо да ви опаѓа
Како да направите детоксикација?
Пијте големи количини на вода за да се ослободите од токсини преку исфрлање течности
Практикувајте јога за подобра циркулација на крвта и ослободување од токсини
Мијте ги забите и јазикот навечер по оброк
Јадете чиста, здрава, органска храна
Додадете пробиотик во исхраната
Ослободете се од производи со хемикалии и токсини