Што сè попримува нашата кожа?

Што и' прават неквалитетните состојки на нашата кожа?

Кожата е најголем орган, со просечна површина од дури два метри квадратни. Освен што учествува во процесот на терморегулација на организмот, потењето, производството и витамините, како и инструмент на чувството за допир, нејзината најважна улога е заштита на телото од надворешниот свет. Поголемиот дел од нас е склон повеќе внимание да посветува на негата на лицето, па за него издвојува скапи креми и квалитетни производи, додека истовремено се занемарува важноста на негата на кожата на телото. Иако кожата на телото и онаа на лицето се разликуваат по дебелината и типовите, важно е и двете да се негуваат со квалитетни производи, што нема да и наштетат ниту на кожата, ниту на организмот во целост.

На годишно ниво, просечна жена во организмот внесува помеѓу 4 и 6 килограми различни козметички производи, најмногу преку кожата на телото. Голема површина на кожата впива и голем број на вештачки и неквалитетни состојки од козметичките производи, кои потоа завршуваат во нашиот организам. Што и’ прават неквалитетните состојки на нашата кожа?

Употребата на агресивни гелови за туширање, како и купки кои содржат висока концентрација на сапун и детергент, интензивно ја сушат кожата, ја нарушуваат ph рамнотежата на кожата и го нагризуваат нејзиниот хидролипиден слој, па ја прават подложна на воспаленија, брз развој на габи и бактерии, како и на предвремено стареење.

Вештачките бои и пестицидите долготрајно го слабеат имунитетот, а честата употреба во козметичките производи се и силиконите кои спаѓаат во мошне тешко разградливите споеви во организмот. Секако, сите состојки се дерматолошки проверени и дозволени за употреба, но останува фактот дека со повеќегодишно користење се таложат во телото и несомнено имаат негативно влијание врз здравјето на организмот.

Стручњаците велат дека дерматолошката и природна козметика што се продава во аптеките е најдобар и најсигурен избор за сечиј тип на кожа, особено за осетливата.

Проверени, нежни и сигурно, но и изразено делотворни брендови на природна, органска и дерматолошка козметика од аптека содржи висока концетрација на активни состојки, па нивното делување е побрзо и поделотворно. Освен тоа, и со нанесено помало количество од производите, нивното траење е подолго.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.