За да ги избегнете негативните ефекти кои ги предизвикува солта еве неколку алтернативи кои се здрави, а кои можат да ја заменат улогата на солта.

1.Лук

Лукот е идеален како замена за сол, особено ако е во прав. Одлично одговара со риба, тестенини и разни салати, но и со друга храна на која и дава пикантен вкус. Поради тоа, лукот има многу лековити својства и тоа го прави број еден продукт во кујната.

2.Сок од лимон

Никој не сака да јаде салата без зачини, особено без сол бидејќи салатата ќе биде безвкусна. Затоа одлична замена на солта е лимоновиот сок. Ќе и даде пикантност и киселкаст вкус кој со сигурност ќе ви се допадне.

3.Цимет

Иако вообичаено се користи за десерти, време е да го употребите и во други рецепти. Покрај тоа што е алтернатива за солта, циметот има големи здравствени предности како што се: го намалува холестеролот и го регулира шеќерот во крвта. Најдобро иде со пикантни јадења, бидејќи им дава посебен шмек.

4.Босилек

Неговиот единствен и незаменлив мирис, но и вкус ќе го направат секое јадење посебно. За да се зачуваат сите важни состојки кои ги има во листовите од оваа билка, потребно е да го додадете во храната при крај од готвењето. Одлично иде со тестенини и салати, но секако можете да го користите и со други јадења.