Што ќе се случи, ако си скратите само 1 чаша газиран сок?

Големо влијание на вашето здравје и тежина

Внесувањето помалку калории и шеќери е речиси најсигурната стратегија за слабеење. Веќе знаете дека крофните, чоколадната торта и слатките го полнат вашето тело со шеќери и калории. Но, она што не го знаете е дека намаленото внесување на газирани пијалаци, сокови и кафиња може да има големо влијание на вашето здравје и тежина. Според науката, дури и не треба целосно да се откажете од шеќерот.

Консумирањето газирани пијалаци се нема намалено во последнава деценија. Според истражувањата, просечните луѓе пијат околу 8 лименки од 350 милилитри газирани пијалаци неделно. Значи речиси една лименка дневно. Една лименка од 350 милилитри содржи околу 9 лажички шеќер, а препорачаната дневна доза за возрасни жени е 6 лажички.

Нашите тела не реагираат исто на течните калории како што реагираат на енергијата од тврдата храна. Калориите од пијалаците нема да го намалат вашиот глад како што тоа го прават „вистинските“ калории. Па, голема е веројатноста да внесете повеќе калории. Истражувањата исто така покажале дека луѓето не консумираат помалку калории кога консумираат повеќе енергија од слатки пијалаци. Токму поради ова пиењето на калориите може да предизвика дебелеење. Долгорочните истражувања покажале дека редовното пиење газирани пијалаци може да придонесува најмногу за дебелината. За жал, тоа не е единствената лоша последица од пиењето газирани пијалаци со секој оброк.

Исто така, луѓето кои консумираат една или повеќе лименки газирани пијалаци дневно, имаат 26% поголеми шанси да развијат дијабетес тип 2. Сега замислете што би се случило ако го намалите внесувањето на еден пијалак неделно.

За жал, газираните пијалаци не се единствените засладени пијалаци на кои треба да внимавате ако сакате да ослабите. Повеќето пијалаци, иако изгледаат поздрави од газираните, се исто лоши за вас, ако не и полоши. Држете се настрана од овошни сокови, енергетски пијалаци и кафиња со додатоци. Постојат многу поздрави опции.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.