Што да јадете за да имате рамен стомак!

 
„За почеток мора да знаете дека храната која ви остава меки траги на стомакот , не би требало да е дел од прехраната“, вели Кеси Бриксус.

СПРЕЧЕТЕ ГИ МАСНОТИИТЕ

Шеќерот во крвта и нерамнотежата на хормоните играат важна улога во концетрацијата на масти на стомакот. Тој совет би можел да ви помогне во контролата на двете.

Останете рамномерни: Погрижете се за тоа да оброците содржат три макронутритиенти кои го стабилизираат шеќерот, а тоа се чист протеин, квалитетни јаглехидрати и здрави масти.

Јадете редовно: Шеќерот во крвта започнува да опаѓа после 4 до 5 часа,  и затоа немојте да имате премногу долги паузи измеѓу оброците.

Контрола на стресот: Истражувањата покажуваат важна поврзаност помеѓу стресот и абдоменалните маснотии. Исто така животните навики се многу важен дел до градењето на рамен стомак.

СПРЕЧЕТЕ ЈА НАДУЕНОСТА

Надујаноста на стомакот може многу да направат да изгледате заоблено.

Јадете свесно и опуштено: Кога јадеме на брзина, телото може да ослободи одредени ензими со цел да ја свари целата храна, во краток период. Затоа јадете споро и опуштено.

Наполнете се со влакна: Јадете храна која е богата со влакна, како на пример, овошје, зеленчук и слично. Тие ќе ја зголемат концентрацијата на корисни бактерии во вашите црева.

Внесувајте повеќе минерали: бананата, слаткиот компир, гравот и слично, се богати со минерали кои ќе ви помогнат во справувањето со надуеноста.

ХРАНЕТЕ ГИ МУСКУЛИТЕ

Последната компонента што ве дели од рамен стомак се неправилно хранетите мускули. Со добра исхрана и малку тренинг вие ќе ги изразите стомачните.

Јадете многу протеини: Пред и после тренинг внесувајте по 20 до 25 грама чист протеин. Тоа ќе овозможи одлична прихрана на мускилите и нивно оформување.

Хидрирајте се: Целта е да се постигне минимумот од 2 литри вода, односно повеќе доколку се потите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.