Шестмина здравствени работници од Клиниката за детски болести заразени со морбили
Шестмина здравствени работници од Клиниката за детски болести се заразиле со морбили. Четири од нив се лекари на специјализација, една медицинска сестра и вработен на шалтер. Малите сипаници кои се проширија во сите скопски општини не го поштедија и медицинскиот персонал. Од Детска потврдија дека заразените биле невакцинирани или делумно заштитени со само една доза од вакцината. Ниту еден од нив не е хоспитализиран на Инфективна.
-Биле во директен контакт со заболени дечиња или со такви со респираторни инфекции кои биле во период на инкубација вели др. Жарко Караџовски, епидемиолог во Институт за јавно здравје.
На Детска клиника изминатите денови направиле анкета меѓу сите вработени и 21 лице вчера примило МРП вакцина. Епидемиолозите велат дека интерес има и кај други здравствени работници кои се изложени на контакт со заразната болест, а според информации на Сител, сомнителни случаи имало и во други здравствени установи.
-Во центарот за јавно здравје биле вакцинирани 30 здравствнеи работници како дел од препораката на Комисијата за заразни болести и има списоци на лекари кои сакаат да се имунизираат. Не се поштедени тие што се вакцинирани особено со една доза бидејќи во улсови на епидемија на удар се сите, вели Караџовски.
На Инфективна клиника има повеќе од 30 лица заразени со морбили кои се на болничко лекување. Најчестите копмликации кај овие пациенти се белодробни инфекции. Расте и бројот на новозаразени меѓу кои има и деца и возрасни. Поради ширењето на болеста има и посебни мерки на Клиниката за детски болести.
-Поради епидемијата со морбили но и зголемениот број на случаи со мали сипаници, на Клиниката за детски болести веќе една недела има забрана за посета на сите оддели.
Во градинките се уште важи забраната за прием на деца кои не примиле МРП а во училиштата нема да има теренска вакцинација туку родителите ќе добиваат покана за вакцинација по пошта. Во меѓувреме од Агенцијата за лекови одлучиле да бидат уништени во Дрисла 624те вакцини со погрешни декларации.