Сè е променето: Најчести симптоми за Ковид без вакцина, со една или две дози

Како што мутира вирусот SARS-CoV-2, така мутираат и симптомите кои ги предизвикува кај луѓето. Губењето на мирисот, на пример, порано беше еден од показателите за ковид, но сега тој е само деветти најчесто пријавен симптом кај оние кои имаат инфекција (а не биле вакцинирани), пишува IFL Science.

Исто така, постојат разлики во симптомите на луѓето кои примиле една или две дози од вакцината, според истражувањето на студијата ZOE за симптомите на Ковид-19 во Велика Британија.

Иако постојат сличности во симптомите меѓу оние кои ја примиле вакцината и оние кои не ја примиле вакцината, постојат и значајни разлики кои можат да ви помогнат да одредите дали треба да се тестирате.

Симптоми на Ковид-19 кај невакцинираните

Според студијата, кај луѓето кои немаат доза од вакцината, моментално најчестите симптоми се појавуваат по овој редослед:

Главоболка

Болка во грлото

Течење на носот

Треска

Постојана кашлица

Покрај тоа што аносмијата беше отстранета од списокот, останувањето без здив беше само 30-ти најпријавен симптом, што е сосема различно од раните фази на пандемијата на Ковид-19.

Симптоми на Ковид-19 кај особи кои примиле една доза

Симптомите кај оние кои примиле единечна доза од вакцината биле слични на оние кои не биле вакцинирани. Тие се појавуваат по овој редослед:

Главоболка

Течење на носот

Болка во грлото

Кивање

Постојана кашлица

„Еден од оригиналните показатели за болеста, упорната кашлица, сè уште е меѓу првите пет симптоми, но сега во рангирањето е под кивањето и течење на носот“, пишуваат авторите на студијата.

Симптоми на Ковид-19 кај особи кои ги примиле две дози од вакцината

Кај оние кои примиле две дози од вакцината, разликите се уште позабележителни, бидејќи упорната кашлица не е меѓу првите пет симптоми на болеста. Ова е редоследот:

Главоболка

Течење на носот

Кивање

Болка во грлото

Губење на мирис

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.